Легендарниот Хоакин објави крај на кариерата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хоакин преку специјално видео се обрати и кажа дека оди во пензија. Тој кариерата ја почна и ја завршува во Бетис.

„Животот е постојана еволуција. Тајната е да можете да се адаптирате на промените, да го гледате секој ден како нов предизвик и секогаш да ставиме малку уметност во се. Патот е полн со емоции, во мојата глава се појавуваат многу имиња и моменти. Таа магична априлска ноќ во која можев да исполнам сон. Колку брзо лета времето. Велат ништо не е вечно, но грешат. Не знаат што е уметност? Тоа е инспирација, емоции и трансформација. За овие 23 години се трудев од мојот фудбал да направам уметност и да ме паметат од генерација на генерација. Од класично до довремено. Сега е време да ги закачам копачките. Мојата уметност. Прозорец кон вечноста“, рече Хоакин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×