Лусио (47), легендарниот бразилски дефанзивец кој остави длабока трага во Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Интер, е хоспитализиран по несреќа што се случила во неговиот дом во Бразилија. Според бразилските медиуми, Лусио се здобил со изгореници на 18% од телото додека ракувал со еколошки камин. За среќа, поранешниот репрезентативец е во стабилна состојба и свесен.
Од болницата соопштија дека лекарскиот тим внимателно го следи неговото здравје. Лусио објави фотографија од болничкиот кревет, на која може да се види со завој на главата, рацете и нозете.
Бразилската фудбалска федерација испрати порака со поддршка до поранешниот капитен: „CBF му посакува многу сила во ова тешко време“. Лусио одигра 105 натпревари за „Селесао“, а во 2002 година беше дел од генерацијата што го донесе светското злато. Со Баер беше вицешампион на Германија и Европа, во дресот на Баерн освои три дупли круни, а со Интер на Мурињо во 2010 стигна до историската тројна круна со титула во Лигата на шампионите.
Lucio was involved in a fireplace accident. It resulted in 18% of his body having burns.
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) May 21, 2025
He posted this on his instagram.
Força, capitão! 🙏🏽 pic.twitter.com/Ksni7GuBDp