Лече и покрај трагедијата викендов ќе мора да излезе на терен

by Стефан
0 минути читање

Лече во четвртокот го погоди тажна вест, нивниот физиотерапевт Грацијано Фиорита ненадејно почина, поради што натпреварот кој требаше да се одигра во петокот беше одложен.

Сепак, од раководството на лигата немаа целосно разбирање за Лече и тие ќе мораат да излезат на терен против Аталанта овој викенд. Новиот термин за овој натпревар е недела (утре) од 20:45 часот.

Во моментов Лече е во битка за опстанок и се наоѓаат на 17. место со 26 бодови, само еден повеќе од зоната за испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани