Лече доби црвен па Јувентус ја наполни мрежата на противникот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Сари ќе преноќат на +7 на врвот на
табелата откако ја добија пресметката со Лече со убедливи 4-0. Гостите добро
одолеваа половина час, Јувентус немаше идеја во нападот, но Лучони погреши кога беше последен
играч, го собори Бентанкур и доби црвен картон.

Со играч повеќе, Јувентус веднаш направи две
големи шанси, но најпрво Роналдо промаши зицер со глава од пет метри, а потоа и
Бернардески не реализираше убава прилика.

Резултатот беше отворен на стартот од вториот дел,
Дибала од врвот на шеснасетникот прецизно погоди за 1-0.

Кратко потоа беше досуден пенал за Јувентус, а Роналдо
од белата точка донесе 2-0.

Во финишот од мечот, Игуаин зголеми на 3-0 по убава
асистенција на ЦР7 со пета, а Де Лихт ги постави конечните 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×