Леао: Во дресот на Милан можам да ја освојам ЛШ и Златната топка

by
1 минути читање

Една од последните работи кои ги заврши Малдини пред да добие отказ е потпишувањето на нов договор со Рафаел Леао. Португалецот го доби и бројот 10.

„Останав бидејќи Милан ми помогна да ги остварам моите цели, заедно го освоивме Скудетото и клубот ми овозможи да напредувам како играч. Се чувствувам зрело, се чувствувам како лидер на мој тим“, вели Леао.

„Мислам дека ова е вистинскиот клуб за да ја продолжам мојата кариера и да ги остварам моите цели како што се освојување на Лигата на шампионите и Златната топка“.

Лани Милан стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите каде загуби од градскиот ривал Интер.

×