На почетокот од второто полувреме Рафел Леао со волеј во пад постигна интересен гол кој му донесе водство на Милан од 2-0.
„Тоа беше гол каков што се обидував да постигнам три години и конечно ми успеа“, рече Леао по мечот.
„Како и да е, најважно беше да победиме тука, бидејќи секогаш е тешко да се игра против Рома и со овие три важни бода остануваме на врвот на табелата“.
Од оваа сезона Леао го носи дресот со број 10.
„Знаев дека ова е посебен број во Милан и чувствувам поголема одговорност носејќи го овој дрес на мојот грб. Сакам да го покажувам тоа на теренот“.
„Чувствувам поголема одговорност и со топката и без топката. Знам дека можам да правам разлика со топката, но исто така и треба да се бранам, да напредувам во тој сегмент. Сакам да му се заблагодарам на тренерот кој секогаш ми помага за да видам што можам да поправам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.