Леао со глава и Хименез со првиот калчо-гол му донесоа десетта победа на Милан (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Милан се врати на победите во Серија А, триумфирајќи на гостувањето кај Емполи со 0-2 (0-0) во 24. коло.

„Росонерите“ одиграа добар натпревар, иако се мачеа да го отворат резултатот, а на крајот се радуваа на трите бода. Уште на стартот имаше возбудувања и работа за судиите, се проверуваа ситуации за потенцијален пенал за Милан и потоа црвен картон за Какаче кој го згазна Вокер. Сепак, во двете ситуации одлуките беа во корист на домашните.

Најдобрата закана во првиот дел ја имаше Емполи преку Коломбо кој погоди статива, а вториот дел тргна со црвен картон за Томори. Милан и покрај тоа продолжи да притиска откако претходно Консеисао направи три измени и ги пушти во игра Леао, Хименез и Пулишиќ. Силите на теренот беа израмнети кога Марианучи го удри Хименез и по ВАР проверка Паирето му покажа црвен картон.

Милан набрзина стекна двојна предност, преку Рафаел Леао и Сантиаго Хименез, а во двете ситуации асистент беше Пулишиќ. До крајот гостите рутински си ја завршија задачата за десетта сезонска победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани