Леао се договорил со Милан, останува само уште една работа за да потпише

by
1 минути читање

Италијанскиот весник тврди дека во четвртокот навечер е постигнат вербален договор за продолжување на соработката меѓу Милан и Леао.

23-годишниот фудбалер досега имаше годишна плата од 1,5 милиони евра по сезона, а со новиот договор кој ќе биде на пет години, ќе заработува по 7 милиони евра по сезона, плус ќе добие 2 милиони евра бонус за потписот.

Единствено нешто што недостасува е договор меѓу Милан и Спортинг Лисабон.

Леао на Спортинг му должи 22 милиони евра поради раскинувањето на договорот во 2018 година. Оргиналното обесштетување беше 16,5 милиони евра, но со камати и судски трошоци порасна на 22 милиони евра.

Милан, заедно со Лил каде што премина Леао откако си замина од Спортинг ќе ја платат оваа сума. Наводно трите клуба се блиску до договор.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×