„Леао не е ниту Кака, ниту Шевченко… па Милан нема да загуби многу!“

by bojan
1 минути читање

Легендата на „росонерите“, Алесандро Костакурта вели дека Рафаел Леао не може да биде сметан лидер за Милан, па евентуалното заминување на Португалецот нема да биде голем удар.

Изминатава сезона, Рафаел Леао често добиваше критики за своите бледи издание, и се пишуваше дека Милан сериозно размислува за продажба.

По крајот на сезоната, во неколку наврати, самиот фудбалер потврди дека е подговен да го напушти „Сан Сиро“ и сака нова авантура.

Во разговор со Газета дело Спорт, Алесандро Костакурта сега вели дека евентуалното заминување на Португалецот нема да биде голем удар.

„Никогаш не сум го гледал како фудбалер кој заслужува да се споменува во конкуренција за „Златната топка“. Во кариерата играв со вистински велемајстори и можам да кажам дека тие беа на сосема друго ниво. Доколку Леао си замине, тоа нема да биде загуба како кога си заминаа Кака или Шевченко. Тој никогаш не достигна таков статус, без разлика што можеби самиот верува во тоа“ – вели легендата на Милан.

„Ако го промени пристапот, ако во тимот се појават вистински лидери и ако добие поинаква улога, сè уште може да биде многу корисен. Но треба реално да се гледа на неговите квалитети, станува збор за одличен фудбалер, но не и за играч околу кој треба да се гради целиот тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×