157
22-годишниот српски фудбалер на Ливерпул, Лазар Марковиќ летото беше испратен на позајмица во Спортинг Лисабон, но таму ја грееше клупата.
Тој беше незадоволен од својот статус и бараше нов клуб и го најде. Хал потврди дека потпиша договор со Марковиќ за позајмица до крајот на сезоната.
Марковиќ потекнува од школата на Партизан од каде што замина во Бенфика. По импресивните настапи за португалскиот клуб беше купен од Ливерпул, но се уште не се избори за стандардно место во црвениот дрес, па по Фенербахче и Спортинг, Хал ќе му биде трета позајмица.