47
Полскиот напаѓач и член на Барселона, Роберт Левандовски, беше прилично мистериозен на директно новинарско прашање дали планира да ја напушти Барселона по завршувањето на сезоната.
Како што е познато, договорот на Левандовски со Барселона му истекува на 30 јуни, а и покрај тоа што има 37 години, интерес за неговите услуги не недостига.
Како можни дестинации се споменуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.
На прашањето од полските новинари дали ќе се пресели во Италија, Лева беше краток.
„Знаете што? Ќе разговараме наскоро“, изјави напаѓачот.
Ќе потсетиме, Левандовски оваа сезона постигна 17 голови во сите натпреварувања, од кои 12 во Ла Лига.