2,1K
Пред неколку дена се појави вест дека кога Интер и Челси биле пред договор за трансферот на Лукаку, напаѓачот ги одбивал повиците од таборот на нероазурите, и од раководството и од соиграчите. Тоа го правел затоа што во тој момент разговарал со Јувентус.
Лаутаро Мартинез го потврдува тоа и вели дека е разочаран од Лукаку.
„Сагата со Лукаку? Разочаран сум од Ромелу, тоа е вистината. Се обидов да го добијам во тие денови на хаос, но тој никогаш не ми одговори, истото го направи и со другите мои соиграчи“, вели Лаутаро.
„Разочаран сум, но во ред, тоа е негов избор“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.