Интер е мошне
близу да си подаде рака со својот напаѓач Лаутаро Мартинез за нов договор и
продолжување на соработката помеѓу обете страни, а актуелниот договор на
Аргентинецот инаку истекува во 2023 година.
23 годишниот
напаѓач се очекува да стави потпис на нов договор со кој би се обврзал на
верност со „Нероаѕурите“ до 2024 година, за што извести „Тутомеркатовеб“, иако
некои медиуми најавуваат дека договорот би можел да биде со важност до 2025
година.
Во Италија пишуваат
дека агентите на Лаутаро се во постојани разговори со челниците на Интер, а
истите веќе се во финална фаза, а се верува дека откупната клаузула во висина
од 111 милиони евра ќе остане и во новиот договор, а се шпекулира дека постои и „анти-Јувентус“ клаузула со откупна клаузула во висина од 150 милиони
евра.
Лаутаро во новата
сезона на 19 настапи за „Нероаѕурите“ успеа да постигне девет погодоци, но и
четири асистенции.