Речиси секое лето
има шпекулации за можно заминување на Лаутаро Мартинез од Интер, гигантите
ширум Европа го имаат Аргентинецот во својот бележник и внимаваат на неговата
ситуација.
Ова лето има „нови
играчи“ на трансфер пазарот кои се расфрлаат со луди суми и очигледно нема да го одминат напаѓачот.
Како што
пренесуваат медиумите од Аргентина, неименуван клуб од Саудиска Арабија доставил
луда понуда вредна 240 милиони евра. На Луатаро Мартинез му била понудена
четиригодишна соработка со плата од 60 милиони евра по сезона, односно десет
пати повеќе од тоа што го заработува во Милано.
Во моментов Лаутаро
Мартинез го игнорира интересот на Арапите, а и Интер нема добиено формална
понуда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.