Интер не го дава
врвот во Серија А, избраниците на Инзаги вечерва без многу проблеми го совладаа
Удинезе и се вратија на првото место на табелата.
Резултатот беше
отворен во 37. минута, Чалханоглу од пенал погоди за 1-0. Пет минути подоцна
Димарко прецизно биеше по земја за 2-0, а пред крајот на првиот дел, Турам
зголеми на 3-0 и веќе тука беше јасно дека трите бода остануваат во Милано.
На десетина
минути пред крајот, Лаутаро Мартинез прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот
и ги постави конечните 4-0.
За Аргентинецот
ова беше погодокот број 28 во Серија А во 2023 година, и од 2000-та па наваму, тој е само
третиот играч на Интер по Бобо Виери и Диего Милито, кој може да се пофали со
ваква бројка во една календарска година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.