По ремито против
Интер со кое Барселона се најде пред прагот на нова елиминација во Лигата на
шампиони, Жоан Лапорта изјави дека има целосна доверба во Чави.
Но потоа
следуваше нов неуспех и пораз од Реал Мадрид во „Ел класико“, па притисокот врз
стратегот дополнително се зголеми.
Како што пишува
„Ел Насионал“, Жоан Лапорта има три имиња за наследник на Чави, претседателот
на Барса на ум ги има Томас Тухел, Марсело Гаљардо и Јирген Клоп.
Првиот на
списокот е без клуб и може веднаш да седне на кормилото, вториот е под договор
со Ривер до декември и потоа ќе започне нова авантура, додека пак последниот на
списокот е под долгорочен договор со Ливерпул и нема воопшто да биде лесно да се договори
негов ангажман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.