Лапорта: Сити му нудеше повеќе пари на Гундоган, но тој ја одбра Барса – сонува да игра тука!

by
1 минути читање

Гундоган реши да не ја прифати понудата за нов договор од Манчестер Сити и да се пресели во Барселона. 

„Гундоган? Тој ја одбра Барселона иако имаше подобра финансиска понуда од Манчестер Сити. Тој ми рече дека сонува да игра за Барселона“, вели Лапорта.

Барселона се интересираше и за Брозовиќ, но тој сепак одлучи да оди во Ал Наср каде доби фантастична понуда.

„Брозовиќ, Зубименди и Кимих се прескапи, овие зделки нема да се случат поради сумите кои беа барани“, открива Лапорта.

„Брозовиќ имаше понуда од Саудиска Арабија и ние не можеме да се тркаме со нив“.

Лапорта вели дека и покрај тешката финансиска ситуација, некои фудбалери на Барселона едноставно не треба да бидат продадени иако има понуди за нив.

„Минатата година имавме понуда од 100 милиони евра за Френки де Јонг и направивме добро што не го продадовме. Има фудбалери кои не треба да бидат на пазарот“.

„Добивме понуди за Педри, Ансу Фати, Кристенсен, Де Јонг и Араухо, но мислам дека тие ќе продолжат со нас. Тие се сегашноста и иднината на клубот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани