Лапорта се сретнал со Чеферин, Барселона ќе избегне суспензија од ЛШ

by
1 минути читање

УЕФА сакаше да почне своја сопствена истрага за случајот „Касо Негреира“ во кој Барселона е обвинета за подмитување на судиите. Се шпекулираше дека казната може да биде забрана за настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Лапорта заедно со агентот Пини Захави отпатувале во Словенија на состанок со Александер Чеферин.

Информациите на каталонскиот весник „Спорт“ велат дека Лапорта го замолил Чеферин да не почнуваат истрага пред да заврши судскиот процес во Шпанија за овој случај.

Наводно Чеферин се сложил со тоа и ветил дека нема да има истрага пред да заврши процесот во Шпанија.

Со оглед на финансиската ситуација во која се наоѓа, учеството на Барселона во Лигата на шампионите е од исклучителна важност, па Лапорта не сакал да остави ништо на случајот и токму затоа отишол на состанок со Чеферин.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×