273
Меси немаше најдобра разделба со Барселона, но Жоан Лапорта вели дека ќе се обиде да го врати Аргентинецот на Камп Ноу.
Тоа сигурно нема да биде ова лето, веројатно обидот ќе биде по крајот на оваа сезона.
„Се чувствувам должен кон Меси, сакам тој да ја заврши кариерата во Барселона со стоечки овации на секој стадион. Мислам дека можеме да направиме тоа да се случи“, вели Лапорта.
„Тоа е нашата аспирација, моите намера кон Меси се чиста“.