„Каталонците“ се
во големи финансиски проблеми, но Жоан Лапорта и неговите соработници најдоа
начин како да стигнат до средства, беа продадени 25% од ТВ правата во Ла Лига
на 25 години и прибрани преку 500 милиони евра.
Па беа купени
Роберт Левандовски и Рафиња, од претходно беспари беа договорени Франк Кеси и
Андреас Кристенсен, а многу блиску до Камп Ноу е и Жил Кунде.
Барселона одлично
се засили, па Жоан Лапорта беше запрашан дали со 10-ка ќе ги оцени трансфер
активностите.
Претседателот
појасни дека директорот Матеу Алемани и неговите соработници завршиле одлична
работа, но во моментов може да даде само 8-ка.
За 10-ка потребно
е Барселона да се ослободи од фудбалерите на кои Чави не смета, и ова е
прилично тешка задача, со оглед на тоа што неколкумина поради разни причи
(високи плата или желбата да се игра за Барса) не помислуваат да си заминат.