Барселона прави
напори да го врати Лео Меси, кој на маса има неверојатна понуда од Саудиска
Арабија и можност да заработува 400 милиони евра годишно.
„Разговарав со
Лео Меси со цел да ги поправиме затегнатите односи по настаните кои се случија
кога морав да го ставам клубот пред сите, дури и пред него, најдобриот фудбалер
во светот. Во моментов тој е дел од ПСЖ, ситуацијата не му е баш најдобра. Си
испраќавме пораки во последно време, конверзацијата беше срдечна, му честитав
за титулата на Светското првенство“ – рече Жоан Лапорта утрво во емисија на
ТВ3.
„Имам огромна
почит кон Саудиска Арабија, вршат одлична работа, инвестираат многу… но
Барса е Барса. Исто така, Барселона е неговиот дом. Можеме да се носиме со сите.
Имаме огромна историја и армија од 400 милиони навивачи“.
Жоан Лапорта
сепак предупреди дека тие нема да достават луда финансиска понуда со цел да го
вратата Лео Меси на Камп Ноу.
„Сакаме да го
видиме Лео во Барса, но нема да нудиме луди суми за да го вратиме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.