Лапорта откри дека Барса уште му должи пари на Меси, ќе го плаќа дури до 2025 година

by
1 минути читање

Лео Меси го
напушти Камп Ноу летото во 2021 година, но сметките помеѓу напаѓачот и клубот се
уште не се расчистени.

„Му должиме пари
на Лео Меси, тоа е дел од договорот со претходното раководство за одложување на
исплатата на плата во времето на ковид-19 пандемијата. Исплатите се редовни и ќе
траат до 2025 година“
– открива претседателот Жоан Лапорта.

Тој не
ја откри точната сума, минатото лето се шпекулираше дека Барселона му должи
околу 40 милиони евра на Лео Меси.

За изборот на
Аргентинецот да се пресели во Интер Мајами наместо да се врати во Барселона,
првиот човек на „каталонците“ додаде: „Имавме договор со Ла Лига дека ќе
одвоиме дел од ресурсите за враќање на Лео Меси. Кога ни го одобрија физибилити
планот, го известивме Хорхе Меси. Ни кажа дека Лео имал тешка година во Париз и
сакал помалку притисок. Трансфер во Барса ќе значеше поголем притисок, па ја
разбирам неговата одлука“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани