Лапорта објасни како Барса ја загуби битката од Реал за потписот на Ѓулер

by
2 минути читање

Ѓулер во договорот имаше откупна клаузула од 17,5 милиони евра, сумата која ја понудила Барселона, но Реал Мадрид влегол во трката и работите се промениле.

„Имавме договор со фудбалерот и бевме подготвени на Фенербахче да му платиме 17,5 милиони евра“, објаснува Лапорта.

„Но тогаш други клубови како Реал Мадрид дојдоа и платија многу повеќе, па не можевме да влеземе во војна на наддавање“.

Реал Мадрид за трансферот на Ѓулер платиле околу 50 милиони евра од кои 20 милиони на Фенербахче плус 10 милиони евра во бонуси, 15 милиони евра на таткото на фудбалерот како агентска провизија и 8 милиони евра на фудбалерот за потпис на договорот.

Фенербахче доби и 20 проценти од следната продажба на Ѓулер.

Финансиската ситуација во Барселона е таква што тие не можат да бидат конкурентни на Реал Мадрид при една ваква борба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани