Лапорта му укажа доверба на Чави и најави засилувања во јануари

by
1 минути читање

„Каталонците“
ризикуваат втора година по ред да го завршат настапот во Лигата на шампиони
уште во групната фаза, па притисиокот врз Чави се зголеми.

Сепак, Жоан
Лапорта вели дека има целосна доверба во младиот стратег и најави дека се
водат разговори за засилување на тимот во зимскиот преоден рок.

„Имам целосна
доверба во Чави и неговиот персонал, исто така и во играчите. Имаме одличен
состав и сигурен сум дека ќе ни донесат голема радост“
– вели претседателот на
Барса.

„Чави покажа дека
добро го познава клубот и системот кои со години го негува Барса. Се работи за
одлична личност, добар тренер и работите само ќе се подобруваат, тој ќе ни
донесе многу успех“.

„Разговаравме по
натпреварот со Интер и тој беше вознемирен, тажен и повреден. Денеска
разговаравме одново и ми се чини дека е во далеку подобро расположение, заедно
ќе патуваме во Мадрид“.

„Проектот
продолжува, ќе треба да направиме неколку прилагодувања со кои ќе бидеме уште
подобри“.

„Работиме на
зимскиот преоден рок, разговараме со директорите и тренерскиот персонал и
бараме начин како да го подобриме тимот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×