72
Барселона има долг од преку 1,3 милијарди евра, па се појавија гласини дека Баерн Минхен се сомнева во ликвидноста на „каталонците“ и стравува дека тие нема да можат да го платат трансферот на Роберт Левандовски.
Откако Полјакот пристигна на Камп Ноу, Жоан Лапорта реши да одговори на провокациите од Германија.
„Баерн слободно може да си ја провери сметката, добија голема сума на пари за трансферот на Левандовски“ – вели претседателот на Барса.
„Очигледно не се добро информирани, веќе свртевме нов лист. Барселона има преку 120 години историја и имот кој вреди многу. Вреди многу повеќе од имотот на другите клубови“.