Лапорта има доверба во Чави но претседателот на Барса смета дека тројца фудбалери мора да заминат

by
1 минути читање

„Каталонците“ се
на прагот на елиминација во Лигата на шампионите, па и покрај тоа што летоска
потрошија преку 150 милиони евра, ризикуваат втора сезона по ред наместо во
најелитното натпреварување, да продолжат во Лига Европа.

Финансиските
последици се големи, Жоан Лапорта и неговите соработници во буџетот предвиден
за оваа година имаат пресметано учество во нок-аут фаазта, и не само тоа,
пласман најмалку до четвртфиналето кое гарантира најмалку 20 милиони евра.

Па раководството на Барса е
разочаран
o по
синоќешниот исход против Интер, се говори дека Жоан Лапорта бил бесен на
тренерот Чави.

Сепак,
претседателот и понатаму има доверба во младиот стратег и верува дека е човекот
за новиот проект. Но Жоан Лапорта во исто време смета дека тројца фудбалери
мора да заминат, и тоа ветераните Жерард Пике, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Пике и Бускетс
направија грешки и придонесоа Интер да направи пресврт и да поведе со 1-2.

Жоан Лапорта јавно
ги прозва двајцата фудбалери пред само неколку дена, кога на генералното
собрание на Барселона им замери поради тоа што одбиваат да ги намалат астрономските
плати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×