Лапорта ги откри бројките од трансферот на Гризман и порача: Ако се вратеше во Барса ќе беше трагедија

by
1 минути читање

Атлетико и
Барселона минатата недела најдоа компромис за Антоан Гризман да направи
трансфер без да се активира клаузулата од 40 милиони евра, Жоан Лапорта сега ги
потврди информациите и ги откри деталите.

„Ќе добиеме 20
милиони евра фиксна сума плус 4 милиони евра во бонуси. Доколку Атлетико го
продаде во иднина, ќе ја добиеме разликата до 40 милиони евра. Се работи за
добра зделка“
– вели претседателот на Барселона.

Тој потоа додаде:
„Доколку Антоан Гризман се вратеше, ќе требаше да ја плаќаме неговата плата од
36 милиони евра и тоа ќе беше трагедија. Па го избегнавме овој ризик и можните
проблеми со Ла Лига поврзани со финансискиот фер-плеј“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×