Лапорта без срам јавно притиска Атлетико да го пушти Алварез!

by riste
0 минути читање

Барселона продолжува со неетичкото врбување на Хулијан Алварез, овојпат истапи претседателот на клубот, Жоан Лапорта.

Барса не бира начин како да дојде до потписот на Алварез.

„Голем клуб не може да дозволи да има несреќни фудбалери во својот состав. Во Барселона тоа никогаш нема да се случи“, вели Лапорта.

Тој сака да каже дека во Барса доколку некој не е среќен, ќе го пуштат да замине за соодветна понуда. Со ова алудира дека и Атлетико треба да го направи истото во случајот со Алварез кој очајно посакува преселба на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×