Лампард во шопинг на „Стемфорд Бриџ“, Евертон преговара за ангажман на тројца играчи на Челси

by
0 минути читање

Франк Лампард
сака во Евертон да донесе засилувања од неговиот поранешен клуб Челси, стратегот
мерка дури тројца играчи.

Во моментов се
водат напредни преговори за трансфер на Рос Баркли, недостасува да се
испеглаат уште неколку детали за фудбалерот од средниот ред да се врати на
„Гудисон Парк“.

„Карамелите“ исто
така работат и на ангажман на Миши Батшаији, напаѓачот е изоставен од тимот на
Челси за пријателскиот натпревар со Удинезе кој се игра вечерва.

Били Гилмор е
последното име на листата со желби, Шкотот би можел да се пресели во Евертон на
позајмица до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×