Челси синоќа доживеа тежок пораз, прими дури пет голови и загуби со 5-3. Лампард не беше многу расположен. Тој има замерки и на судењето, смета дека Ковачиќ не направил фаул за слободниот удар од кој Александер Арнолд постигна прекрасен гол.
Лампард имаше вербален дуел со Клоп, па му порача на Ливерпул да не станува арогантен по освоениот трофеј.
„Според мене тоа не беше фаул од Ковачиќ, и имаше многу работи кои не одеа во наш прилог. Но немам проблеми со Јирген Клоп. Начинот на кој тој го води тимот е фантастичен“, вели Лампард.
„Ливерпул заслужено ја освои лигата, но сега не треба да стануваат премногу арогантни поради тоа. Тоа е моето размислување, но таков беше натпреварот, со многу емоции“.

