Тиаго Силва имаше брилијантна партија против Вест Хем која ја зачини и со гол. Па по мечот Лампард беше запрашан за перформансот на Бразилецот.
„Се сеќавам јас кога играв во Премиерлигата на 36 години, не можев да играм како сега тој, секоја недела“, вели Лампард.
„Јас бев во игра, па после одмарав, ги чувствував годините“.
„Знам дека тој долго време е во голема форма, но притисокот во Премиерлигата по толку долго играње во Франција… Тој ги надмина моите очекувања, но навистина не требаше да бидам изненаден поради неговите игри“.
„Можам да го видам квалитетот, подготовката, желбата да ги добива дуелите со глава и е многу студиозен за натпреварот. Тој е големо засилување и на теренот и надвор од него“.