245
Откако ги обезбеди потписите на Хаким Зијеш од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, Челси сега работи на комплетирање на трансферот на Каи Хаверц од Баер Леверкузен.
Според „Атлетик“, Хаверц имал разговор со Френк Лампард кој успеал да го убеди фудбалерот дека Челси е вистинскиот клуб за него.
Се верува дека и двата клуба се блиску до постигнување на договор за трансферот кој би изнесувал околу 80 милиони евра.
За Хаверц интерес имаше и од Реал Мадрид и Баерн Минхен, но се верува дека тие немаат намера да ја платат високата сума која ја бара Баер Леверкузен.