198
Френк Лампард е
најлошиот тренер на Челси откако овој клуб го презеде Роман Абрамович, а дека е
така, медиумите на Островот издвоија и статистички приказ, кој сигурно не му
оди во прилог на Лампард.
Со само 1.67 бод
по меч, Лампард е ведбаш зад Андре Вилаш Боаш, кој пак има 1.70 бод по меч, а
интересен е фактот што статистички, Аврам Грант е најуспешниот тренер на Челси
во ерата на Абрамович, со 2.31 бод по меч, а тој е пред Мурињо, како и Конте од
оваа гледна точка.
