Ламин Јамал подготвува изненадување за финалето во Копа дел Реј

by bojan
1 минути читање
Ламин Јамал

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал подготвува изненадување за пресметката против Реал Мадрид во финалето во Копа дел Реј, напаѓачот постојано е со капа и тоа укажува дека младото момче ќе се појави со нова фризура.

Во пресрет на финалето помеѓу Барселона и Реал Мадрид во финалето во Копа дел Реј во главен фокус е потегот на „кралевите“ и барањето за промена на судиите, по кои следуваа неколку тензични часа, преписки и закани дека нема да се појават во Севиља.

Па во втор план помина младиот Ламин Јамал кој цело време е со капа на главата, ја носеше дури и на тренингот.

„Има изненадување, ќе видите“ – прокоментира тренерот Ханси Флик на средбата со новинарите, кој потоа додаде: „Тој е неверојатен играч кога во предвид ќе земеме дека има само 17 години. Верувајте дека целиот фокус му е на натпреварот и добро ќе се подготви за пресметката со Реал Мадрид“.

Се укажува на тоа дека Ламин Јамал во финалето ќе се појави со нова фризура и „плава“ боја на косата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани