Лајпциг му врачи отказ на тренерот по дебаклот од Шахтар

by
1 минути читање

Лајпциг синоќа доживеа непријатен пораз од Шахтар, а тој загубен меч значеше и крај на престојот на Тедеско на клупата на германскиот тим.

„Лајпциг се раздели со Доменико Тедеско. Клубот го напуштија и асистентите Андреас Хинкел и Макс Урвантски. Лајпциг во догледно време ќе го објави неговиот наследник“, стои во соопштението на клубот.

Причината за отказот не е само мечот од Лигата на шампионите, тој пораз само ја прели чашата. Лајпциг и во Бундеслигата оваа сезона не блеска, по пет одиграни кола има една победа, две нерешени и два порази и се наоѓа на 11. место.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани