Откако го комплетираше ангажманот на Дибала, Рома ќе се обиде во своите редови да го донесе и Вајналдум од ПСЖ.
Според „Кориере дело Спорт“, Вајналдум сака да се пресели во Рома, сака да игра за Жозе Мурињо.
Се шпекулира за едногодишна позајмица со опција комплетно да биде откупен за околу 20 милиони евра.
Проблем може да биде само високата плата која Вајналдум ја добива во ПСЖ, а таа изнесува 9 милиони евра годишно.
Се верува дека опција може да биде додека игра како позајмен, Рома да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина да ја добие од ПСЖ.
Дека Вајналдум е на добар пат да се пресели во Рома можеби открива една негова активност на социјалните мрежи.
Тој на инстаграм од својот профил лајкна пост за трансферот на Дибала во Рома, што многумина го протолкуваа дека наскоро и тој ќе се пресели на Олимпико.