368
Фудбалерите на Лацио и Удинезе ремизираа во рамките од 28. коло во Серија А одигрувајќи 1-1 во Рим.
Кога ќе се погледне што се случуваше на теренот ремито можеби е и најреалниот исход бидејќи и двете екипи имаа свои шанси, а искористија по една.
Двата гола се постигнаа во првото полувреме, а прво Удинезе преку Таувин во 22. минута дојде до предност, за потоа Ромањоли десетина минути подоцна да донесе израмнување.
Второто полувреме донесе нешто помирна игра и со помалку шанси, па така и резултатот не се промени.
На табелата по ова коло Лацио е петти со 51 бод, додека Удинезе со 40 е 10-ти.