300
„АС“ пишува дека Давид Силва е во преговори со Лацио, а во Италија се пишува дека тој имал вечера со спортскиот директор на Лацијаните, Игли Таре.
34-годишниот играч е слободен агент откако по десет години поминати во Манчестер Сити го напушти англискиот клуб.
Лацио не е единствениот кандидат за потписот на Силва, тој се поврзува и со враќање во Валенсија, но и со преселба во МЛС лигата во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, понуда има и од Дубаи.
Сепак Лацио е најатрактивна опција за Давид Силва бидејќи италијанскиот тим обезбеди место и во Лигата на шампионите.