Медиумите од Италија пренесуваат дека Лацио одбил 30 милиони евра од Ал Хилал за ангажман на Нуно Тавареш, „бјанкочелестите“ пред само четири дена го купија Португалецот за 5 милиони евра.
Ал Хилал е во потрага на нов лев бек, со 30 милиони евра тропна на вратата на Милан за Тео Ернандез, но Шпанецот одби да се пресели во Саудиска Арабија и покрај тоа што имаше можност да заработува околу 20 милиони евра по сезона.
Последните информации велат дека Ал Хилал доставил сличен предлог и до Лацио за ангажман на Нуно Тавареш – на маса биле ставени 25 милиони евра, како и додатни 5 милиони евра во бонуси.
Сепак, „бјанкочелестите“ го одбиле овој предлог и покрај тоа што една ваква зделка ќе им донесеше огромен профит за краток период.
Имено, Лацио пред само четири дена во целост го откупи Нуно Тавареш од Арсенал за 5 милиони евра.
Останува да се види дали ова е само обид да се изнудат повеќе пари или пак Лацио навистина сака да го задржи Португалецот, одредени медиуми шпекулираат дека ќе се случи продажба доколку бидат понудени 40 милиони евра.
ФОТО: X/S.S.Lazio