Лацио и Рома имале и трето полувреме, Лотито и Мурињо влегле во жесток дуел!

by
1 минути читање

Во текот на мечот по еден член од стручниот штаб беше исклучен, а црвени се делеа и по натпреварот.

Но, според „Газета“ дербито имало и трето полувреме, тензијата продолжила во подтрибинскиот простор.

Се почнало кога Алесио Ромањоли славел пред соблекувалната на Рома и предизвикал реакција на Џанлука Манчини. Двајцата влегле во дуел, Лотито се обидел да ги раздели, а тука влегол и Мурињо кој не беше на клупата поради суспензија.

„Што гледаш?“ – му рекол Мурињо на Лотито, а претседателот на Лацио му вратил: „Кој си ти? Ова е мојот дом и ти не треба да бидеш тука!“.

Директорот на Рома, Тиаго Пинто интервенирал и ги разделил. А имале дуел и Луис Алберто со асистентот на Мурињо, Салваторе Фоти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×