Лацио го урна шампионот Наполи, Елмас остана на клупата за резерви! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Очигледно е дека на Наполи ич не му лежи Лацио, кој после мартовскиот триумф во изминатата шампионска сезона славеше со 1-0, сега дојде до нова победа на „Диего Марадона“ и тоа прва сезонава по стартни порази, најмногу благодарение и на двете асисенции на Фелипе Андерсон, прво за Луис Алберто да даде гол за водство во 30-та минута, а потоа новото засилување Даичи Камада да погоди во 52-та за второ водство и гол кој им обезбеди три бода на римјаните.

ВАР на Лацио му поништи уште два гола, ѝ двата од офсајд во четири минутен период, прво на Матија Закањи во 67-та, а потоа и на Матео Гендузи во 71-та минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани