165
Римскиот клуб се зацврсти на втората позиција откако освои три нови бода со сигурен триумф над Специја.
Мечот беше отворен во 36. минута кога Имобиле од пенал погоди за водство на Лацио од 1-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По седум минути игра во второто полувреме Фелипе Андерсон постигна гол за водство од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Антонио со гол во 89. минута. Пет минути претходно Специја остана со фудбалер помалку откако Ампаду заработи втор жолт картон.