Приказна како од бајките, мигрант од Брегот на Слоновата Коска потпиша за Лацио и покрај тоа што никогаш во животот не играл фудбал.
17 годишниот Ларсон Кулибали пред 18 месеци со брод ја напуштил БСК во потрага по подобар живот и пристигнал во Рим. Социјален работник ги известил „бјанкочелестите“ дека момчето има талент, па му била укажана шанса. Луѓето во Лацио биле задоволени од она што го виделе и решиле да го ангажираат.
„Мој пријател, кој е социјален работник, побара да му сторам услуга и да го видам момчето“ – вели Мауро Бјанкези, директор на младинскиот сектор на Лацио.
„Добиваме многу вакви повици, но овој пат решив да му верувам на пријателот, па го викнавме на проба во Формело. Не можев да поверувам што гледам. Никогаш не сум видел некој што не играл фудбал да игра токолу добро“.
Била започната бирократска процедура и по осум месеци работа со УЕФА, Лацио добил дозвола да потпише со Ларсон Кулибали.
„Не само што има одлични атлетски вештини, поседува и одлична техника за лице кое никогаш не ја допрело топката. Има визија и без проблем игра и со лева и со десна. Треба да дојдете да го видите, ќе бидете изненадени“.
Ларсон Кулибиали ќе биде дел од У18 тимот на Лацио кој работи под водство на Томазо Роки.