„Ла Стампа“: Клоп ќе биде нов тренер на Рома!

by riste
1 минути читање

Италијанскиот медиум пишува дека потрагата на Рома по наследник на Клаудио Раниери е завршена, Јирген Клоп ќе биде новиот тренер на волчицата.

Според „Ла Стампа“, Клоп и делегацијата на Рома предводена од претседателот Дан Фридкин имале состанок во неделата по кој си подале рака.

Покрај врвен тренер, Рома сака да направи сериозна инвестиција и во играчкиот кадар со цел да биде конкурентна со најдобрите екипи во Италија и Европа.

Клоп во моментов работи во Ред Бул, задолжен е за спортскиот дел во сите клубови под водство на брендот за енергетски пијалоци.

Доколку информациите на „Ла Стампа“ за Клоп и Рома се точни, тоа ќе значи дека Германецот ќе се откаже од сегашната работа и ќе му се врати на тренерскиот занает.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани