796
Адвокатите на Меси сметаат дека со пролонгирањето на сезоната поради коронавирусот се поместува и клаузулата во договорот на фудбалерот со Барселона според која тој може како слободен играч да си замине.
Барселона тврди дека не е така, таа клаузула е истечена на 10 јуни и Меси не може да си оди.
Ла Лига денеска излезе со соопштение и застана зад ставот на Барселона, според нив Меси има договор до 2021, а во него има само откупна клаузула од 700 милиони евра.
Барселона нема намера лесно да го пушти Меси, за него бараат високо обесштетување, Аргентинецот е одлучен да си оди, не се појави на тестирањето за ковид-19 со остатокот од тимот.