Ла Лига ангажираше експерт за читање од уста, ќе треба да утврди дали Белингам го навредил Гринвуд

by
1 минути читање

По синоќешниот натпревар помеѓу Хетафе и Реал Мадрид, се појавија информации за голем скандал.

На социјалните мрежи се појави видео од еден дуел помеѓу Мејсон Гринвуд и Џуд Белингам, по кој фудбалерот на Реал Мадрид му дофрли нешто на својот сонародник, се пишуваше дека еден од зборовите е силувач.

Хетафе веднаш побара од Ла Лига да покрене истрага, а последните информации велат дека е ангажиран експерт за читање од уста.

Тој сега ќе треба да утврди дали Белингам навистина го навредил Гринвуд и од ова ќе зависи дали ѕвездата на „кралевите“ ќе се соочи со жестока казна.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×