Француски „Л’Екип“ објави документи од УЕФА со кои се
сугестира на тоа дека селекторите на националните фудбалски репрезентации ќе
имаат само една седмица за да ги подготват своите тимови за Светското првенство
идната година во Катар.
Според пишувањата
на весникот, се вели дека предвидено е фудбалерите да бидат ослободени за
своите национални селекции на 14 ноември, а Мундијалот е предвидено да стартува
на 21 ноември, а ќе трае до 18 декември.
Ова ќе биде прв
пат Мундијал да се одигра во зимски период, откако улогата на домаќин му беше
доверена на една од најтоплите земји во светот, а доколку се потврдат
информациите кои ги објави „Л’Екип“, сето тоа сигурно ќе придонесе за низа контроверзии и револт околу
одлуката да се игра Мундијалот во Катар.
La Coupe du monde au Qatar, qui se déroulera du 21 novembre au 18 décembre 2022, va imposer un calendrier extrêmement dense aux internationaux, qui disputeront une dernière journée de championnat à une semaine du match d'ouverture https://t.co/L0Dxl6mrYG pic.twitter.com/9iWJ7NLEuc
— L'ÉQUIPE (@lequipe) October 12, 2021