Франс Фудбал синоќа
објави список со 30 фудбалери кои ќе конкурираат за „Златната топка“ и за прв
пат по 2005 година, помеѓу кандидатите го нема Лео Меси, кој ја доби оваа
престижна индивидуална награда минатата сезона.
Изборот
предизвика големи дебати на социјалните мрежи па Л’Екип излезе со објаснување
за отсуството на Аргентинецот.
Францускиот
весник вели дека промената на критериумите придонела Лео Меси да се најде
помеѓу 30-те кандидати.
Од оваа година, во предвид се земат перформансите во една фудбалска
сезона, а не во календарска година. Исто така, во предвид ќе се земат индивидуалните
перформанси, а не тимските.
Лео Меси во
својата прва сезона во Париз не одигра на високо ниво, па затоа и го нема
помеѓу кандидатите за „Златната топка“.