Л’Екип: Меси и ПСЖ пред развод, Аргентинецот може да остане само под еден услов (ФОТО)

by
1 минути читање

Пред неколку
месеци се веруваше дека Лео Меси и следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ, но
во последно време има многу прашалници околу иднината на напаѓачот.

Денешното издание
на Л’Екип пишува дека Лео Меси и ПСЖ се пред развод и Аргентинецот е многу
поблиску до заминување од Париз отколку до продолжување на авантурата во градот
на светлината.

Реномираниот
весник додава дека напаѓачот може да остане под еден услов, односно да прифати
значително намалување на платата поради потребата на „светците“ да ги стават
сметките во склоп со правилата за финансиски фер-плеј.

Од друга страна,
Лео Меси пак бара одредени гаранции за проектот откако ПСЖ имаше уште една
разочарувачка сезона во Лигата на шампиони, а се преикажуваат и бледи партии во Лига 1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×