Кварацхелија не е единствениот со богати понуди, негов соиграч од репрезентацијата може да собори трансфер рекорд

by
1 минути читање

Хвича
Кварацхелија блесна на фудбалската сцена по преселбата во Наполи и добрите партии
десеткратно му ја зголемија цената, се говори за негов трансфер вреден 100+
милиони евра.

Но тој не е
единствениот Грузиец со богати понуди, медиумите од Англија пренесуваат дека
Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем го меркаат Гиорги Мамардашвили.

Со многу
прашалници за иднината на Давид Де Хеа, Едуард Менди/Кепа и Иго Лорис, скаутите
скенираат голем број на голмани и како што пишува Сан, едно од имињата кои отскокнуваат
е 22 годишниот Гиорги Мамардашвили.

Се говори дека
неговиот агент бил во Лондон и биле одржани серија состаноци, сепак зделката
воопшто нема да биде лесна, голманот на Валенсија има откупна клаузула од 100
милиони евра.

Доколку некој се
реши да ја плати оваа сума, Гиорги Мамардашвили ќе стане најскапиот голман во
светот на фудбалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×